Локалитетот е сместен над познатото излетничко место Корита, на надморска височина од 1.600 метри, во стара букова шума.
– Со својата западна експозиција нуди неповторливи пејзажи кон хоризонтот и Охридското Езеро, а овозможува идеални услови за качување и во најтоплите летни денови. Локалитетот опфаќа три карпи, со вкупно 18 насоки (должина од 20 до 50 метри). Дел од нив се опремени со класични алпинистички клинови, а дел со експанзиони, што овозможува качување во различни стилови и техники – објаснуваат од АК „Патагонија“. Локалитетот е дел од проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, кој го реализира АК „Патагонија“ четврта година по ред, со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
Нови можности за развој на алпинизмот и спортското качување, и за збогатување на туристичката понуда на Охрид и Националниот парк „Галичица“. Уреден е нов локалитет за качување на карпа во НП „Галичица“.
Теренските активности на локалитетот се одвиваа во јули и првата половина на август од страна на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ – Охрид, во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк „Галичица“.
Локалитетот е сместен над познатото излетничко место Корита, на надморска височина од 1.600 метри, во стара букова шума.
– Со својата западна експозиција нуди неповторливи пејзажи кон хоризонтот и Охридското Езеро, а овозможува идеални услови за качување и во најтоплите летни денови. Локалитетот опфаќа три карпи, со вкупно 18 насоки (должина од 20 до 50 метри). Дел од нив се опремени со класични алпинистички клинови, а дел со експанзиони, што овозможува качување во различни стилови и техники – објаснуваат од АК „Патагонија“.
За полесен пристап од АК „Патагонија“ изработија и нова маркирана патека (1 километар), погодна и за љубителите на лесни прошетки во природа, со можност да ја посетат и новооткриената „Алпинистичка пештера“.
Во реализацијата на активностите на алпинистичкиот клуб се приклучи и даде придонес Бобан Стојанов од Штип, долгогодишен инструктор по алпинизам и претседател на Комисијата за одржување на локалитети при Македонската алпинистичка федерација, како и Јован Иванов, еден од најдобрите спортски качувачи во Македонија, кој изработи две нови насоки што ќе бидат вистински предизвик за спортските качувачи од регионот.
За воспоставување на локалитетот беа обезбедени 1.055.000 денари, од кои: 75% обезбеди „PONT“, 15% Општина Охрид и 10% сопствени средства на АК „Патагонија“ – Охрид.
Со овој локалитет се отвораат нови можности не само за развој на алпинизмот и спортското качување туку и за збогатување на туристичката понуда на Охрид и НП „Галичица“.
Локалитетот е дел од проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, кој го реализира АК „Патагонија“ четврта година по ред, со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.