петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Ноу лимит“ им го разубавија секојдневието на децата во училиштето „Св. Наум...

„Ноу лимит“ им го разубавија секојдневието на децата во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Капиштец

123
Фото: Ноу лимит

Облечени како дедмразовци, членови на мото клубот „Ноу лимит“ денеска донираа телевизор, постелнини и статичен велосипед наменети за учениците во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски” кое се наоѓа во Капиштец.

„Вакви хуманитарни акции организираме петта година по ред. Целта ни е барем малку да им го разубавиме секојдневието на децата што учат овде во пресрет на новогодишните празници. Се надевам дека со ова ќе мотивираме и други наши граѓани да помагаат и да бидат хумани“, изјави Дарко Гиговски, претседател на клубот.

Мото клубот „Ноу лимит“ постои седум години. Во претходни хуманитарни акции, членовите делеа храна, средства за хигиена, пакетчиња и дрва за огрев на семејства од социјален ризик.

ИЗДВОЕНИ