Мариус Борг Хојби, син на принцезата Мете-Марит од Норвешка, е уапсен по нови обвиненија само неколку дена пред почетокот на неговото судење за силување, додека неговата мајка е во центарот на скандал по објавувањето на нејзината преписка со осудениот педофил Џефри Епштајн.
Полицијата во Осло соопшти дека Хојби бил уапсен синоќа под сомнение за напад, закани со нож и кршење на забрана за пристап, објавува Гардијан. Хојби е син на норвешката престолонаследничка од нејзиниот прв брак.
Уапсен синот на норвешка принцеза
Апсењето се случи кратко пред да се појави на суд по вкупно 38 обвиненија, вклучувајќи четири обвиненија за силување, семејно насилство врз поранешен партнер и незаконско снимање на повеќе жени без нивно знаење или согласност.
Судењето треба да започне во вторник и да трае седум недели. Хојби ги негираше најсериозните обвиненија, вклучително и сексуален напад.
Полицијата побара Хојби да биде задржан во притвор четири недели за да се спречи повторно извршување на кривично дело. Се очекува Окружниот суд во Осло да донесе одлука за неговото притворање во 15 часот по локално време во понеделник.
„Полициската управа во Осло може да потврди дека Мариус Борг Хајби бил уапсен во недела навечер и обвинет за нанесување телесни повреди, закани со нож и кршење на забрана за пристап“, рече обвинителот Андреас Крушевски.
Принцезата Мете-Марит во документите за Епштајн
Апсењето на Хејби доаѓа во време на големи тензии за норвешкото кралско семејство.
Принцезата Мете-Марит беше принудена да одговори на откритијата за нејзината врска со Епштајн откако нејзиното име се појави речиси 1.000 пати во новите документи објавени од Министерството за правда на САД во петокот.
Во соопштението, Мете-Марит рече дека „длабоко жали за каков било контакт со Епштајн“ и дека тоа е „едноставно срамно“.
Marius Borg Høiby, son of Norway’s Crown Princess Mette-Marit, has been arrested AGAIN, on the literal eve of his trial for 38 criminal charges. His new charges include assault, threats with a knife and violating a restraining order. The woman he targeted is the one who basically… pic.twitter.com/41el9emIs5
— Royal News Network (@RNN_RoyalNews) February 2, 2026












