петок, февруари 6, 2026
Дома СПОРТ Норвешко магаре, ќе платиш за своите злосторства!

Норвешко магаре, ќе платиш за своите злосторства!

115
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Навивачите на Манчестер Сити упатија куп критики кон напаѓачот Ерлинг Халанд откако тимот на Пеп Гвардиола обезбеди пласман во финалето на Карабао Купот со убедлива победа над Њукасл Сити, кој имаше предност од 2:0 од првиот натпревар, победи со 3:1 во реваншот благодарение на двата гола на Омар Мармуш и еден на Тиџани Рејндерс, и на тој начин да закаже финална пресметка против Арсенал, објави Goal.com.

Манчестер Сити го започна натпреварот против Њукасл со Халанд на клупата и брзо го реши прашањето за победникот. Мармуш го отвори резултатот во седмата минута, а истиот играч погоди за 2:0 во 29-тата минута. Само неколку минути подоцна, Рејндерс го постави конечниот резултат.

Халанд влезе во игра во второто полувреме, но не успеа да ја прекине лошата серија, постигна само еден гол во последните осум натпревари во сите натпреварувања.

Навивачите брзо се огласија на социјалните мрежи, а многумина тврдеа дека Сити е подобар тим без својот најдобар стрелец.

Еден навивач на Сити напиша на X: „Нашиот пресинг е подобар без Халанд. Голем проблем.“ Друг навивач додаде: „Можете да видите колку подобро играме меѓу редовите без тоа норвешко магаре. Халанд, ќе платиш за своите злосторства.“

Имаше и навивачи кои беа уште порадикални во своите коментари: „Халанд, ако сакаш да ги однесеш своите 40 гола против послаби тимови и твојата годишна плата од 100 милиони долари некаде на друго место, слободно!“

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, неодамна се осврна на недостатокот на голови од страна на Халанд и објасни зошто верува дека неговиот напаѓач се мачи.

„Фала му на Бога што го имаме Ерлинг во тимот сега и цела сезона. Имаме среќа што го имаме и без него немаше да бидеме таму каде што сме сега. Тој ни носи толку многу и станува подобар во многу, многу работи. Има многу натпревари, тоа е неверојатно тежок период. На секои три дена има нов натпревар, закрепнувањето е пократко поради патувањето, условите се тешки, а дефанзивците се уште потешки. Не е лесно, но тој ќе се врати“.

ИЗДВОЕНИ