Норвешките разузнавачи открија од каде е лансиран Путиновиот „Летечки Чернобил“/ФОТО

444
Фото: screenshot X

Русија тестираше крстосувачка ракета со долг дострел која може да носи нуклеарна глава Буревестник, позната како „Летечки Чернобил“, од арктичкиот архипелаг Новаја Земја во Баренцовото Море, соопшти во понеделник Норвешката воена разузнавачка агенција (NVBA).

„Можеме да потврдиме дека Русија спроведе ново тест-лансирање на крстосувачката ракета со долг дострел Буревестник од Новаја Земја“, изјави вицеадмиралот на NVBA, Нилс Андреас Стенсенес, а пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин објави во неделата дека Русија успешно ја тестирала својата нуклеарна крстосувачка ракета Буревестник и го најави распоредувањето на новото оружје.

Руските власти тврдат дека ракетата била во воздух околу 15 часа и дека за тоа време патувала околу 14.000 километри.

Норвешката разузнавачка служба потврди дека на местото каде што е лансирана ракетата не е откриено зголемено зрачење.

Путин, објавувајќи ја веста за тестирањето во неделата, рече дека станува збор за оружје кое го нема никој во светот.

ИЗДВОЕНИ