Норвешката принцеза Марта Луиза и нејзиниот американски сопруг, Дурек Верет, го обвинија кралскиот двор и Норвежаните за расизам, а во заедничко интервју за списанието „Венити фер“, тие рекоа дека се предмет на омраза преку интернет уште од нивната венчавка, преку коментари за тоа дека Верет е шаман и Афроамериканец.
„Секој ден кога се будам, добивам многу писма од Норвешка за тоа колку сум ужасна личност. И само се прашувам, што сум му направил некогаш на некој од вас“, рече Верет, која е познат како шаман, објави списанието „Тудеј“.
Принцезата Марта Луиза рече дека „луѓето се многу лути“ и дека мислат дека Верет „ја маѓепсал и дека е ужасна личност“.
„Има луѓе кои пишуваат работи како: „Не им верувам на очите. Погледнете ги неговите зли очи“. Тие го пишуваат тоа многу често. Срамно е. Ужасно е. Никогаш не треба да бидете дел од кралско семејство со шаман. Што е тоа? Сè што прави е само лажно и измамничко. Како може да не се види низ тоа? Ужасно е. Вие сте срам“, рече Марта Луиза, зборувајќи за коментарите што ги добива преку е-пошта или на социјалните медиуми за нејзиниот сопруг.
Таа рече дека бракот ѝ ги отворил очите за расизмот во Норвешка.
„И секако, бидејќи тој е црн, а јас сум бела, ја добивате сета оваа омраза. Пред да го запознаам, никогаш не помислив дека има расизам во Норвешка, бидејќи сите сме отворено, среќно семејство. Но, во основа, нема толку многу луѓе со различна боја на кожа во Норвешка, па затоа сè ми дојде како изненадување“, рече Марта Луиза.
Норвешкото кралско семејство ја осуди расистичката реакција во соопштение на својата веб-страница.
„Ги осудуваме расистичките ставови со кои се соочил Дурек Верет, особено на социјалните медиуми. Веруваме дека е предност што кралското семејство ја одразува етничката разновидност на Норвешка“, се вели во соопштението на кралското семејство.
Марта Луиза, исто така, ги разјасни своите верувања за алтернативната медицина во изјава на официјалната веб-страница на норвешкото кралско семејство, велејќи дека е „благодарна“ за здравствениот систем на земјата, но и дека „за многу луѓе, алтернативните методи можат да бидат важен додаток на конвенционалната медицинска нега“.
Верет, кој стана славна личност во Соединетите Држави благодарение на својата кариера како шаман и самопрогласен исцелител, рече во документарецот на „Нетфликс“, „Непослушни аристократи: Неверојатна љубовна приказна“, кој премиерно беше прикажан на 16 септември, дека никогаш не ги слушнал родителите на принцезата Марта Луиза да велат „добредојде во семејството“, додека неговата сопруга, од друга страна, честопати била прашувана „зошто е со овој човек“. Тој, исто така, наведе инциденти во кои кралот Харалд Петти и престолонаследникот Хакон наводно се однесувале на начин што тој го сметал за понижувачки.
Најблиските пријатели на двојката велат дека Александра „е негова најголема поддршка и му помогнала да ги излечи раните што се појавиле по многу трагедии во неговиот живот“.