Возачот на Мекларен, Ландо Норис, славеше на трката за Големата награда на Унгарија и со тоа ја намали предноста пред својот тимски колега, Оскар Пјастри, во генералниот пласман. Тој им одолеа на нападите на Пјастри во финишот од трката. Норис, со истрошени гуми, го задржа Пјастри во последните кругови и му ја донесе на Мекларен 200. победа во Ф1, намалувајќи го водството на Пјастри во генералниот пласман на девет бода.

  • Завршив. Беше тешко, беше многу тешко. Во финишот, кога ме стигна Оскар, возев со полна пареа – истакна Норис.

Норис падна на петтото место на почетокот од трката, но успеа да ги зачува гумите до крајот благодарение на стратегијата со едно запирање. Пјастри, од друга страна, двапати ги смени гумите и постепено ја намалуваше разликата, но не успеа да го мине. Третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес откако го престигна Шарл Леклер од Ферари.

ИЗДВОЕНИ