Ландо Норис води борба за титулата во својот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастри, но поранешниот Ф1-возач, Џенсон Батон, е загрижен околу неговата ментална состојба. Поранешниот светски шампион смета дека Норис премногу саботира.
- Австрија беше клучна за Ландо. Доколку чекаше подолго за да победи, тоа ќе претставуваше огромен притисок врз неговото ментално здравје. Тој е неверојатно брз, но секоја грешка, дури и најмалата, ја сфаќа премногу сериозно. Мора да разбере дека сите правиме грешки. Тоа е составен дел од натпреварувањето – губите повеќе пати отколку што победувате, истакна Батон.