Норис докажа дека и добро момче може да биде шампион во Формула 1

13
epa12281975 First placed McLaren driver Lando Norris of Britain (L) and second placed McLaren driver Oscar Piastri (R) of Australia celebrate on the podium after the Formula 1 Hungarian Grand Prix at the Hungaroring racetrack in Mogyorod near Budapest, Hungary, 03 August 2025. EPA/ANNA SZILAGYI

Возачите во Формула 1 му честитаа на новиот светски шампион, Ландо Норис, воедно пофалувајќи го за големиот успех што го постигна оваа сезона.

Прв што испрати честитки беше Карлос Саинц од Вилијамс, велејќи дека Британецот докажал дека може да се освои титулата и ако си фин човек наместо груб и тврд.

Норис ја освои својата прва титула во Формула 1 во неделата, завршувајќи трет на последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби. Тој ја заврши сезоната со два бода предност пред четирикратниот шампион, Макс Верстапен од Ред бул, кој победи во Абу Даби.

Инеку, Саинц му беше прв тимски колега кога му се приклучи на Мекларен како 19-годишник, возејќи заедно за тимот во 2019 и во 2020 година. Тие развија пријателски однос и надвор од патеката.

  • Многу сум среќен за него како возач, бидејќи отсекогаш беше екстремно брз, побрз отколку што му даваа луѓето признание. Екстремно талентиран! Во моите рани години во Мекларен, видов човек што имаше брзина да биде повеќекратен светски шампион ако стануваше збор само за брзината. Тој многу се разви и сега е светски шампион. Среќен сум за него како личност, бидејќи е возач што не следи одредени стереотипи за светски шампион, секогаш е верен на себе, многу искрен, отворен за своите проблеми и им докажа на сите дека може да се биде светски шампион и ако си добар човек, дека не мора да бидеш груб или опасен – истакна шпанскиот возач.

Саинц се надева дека 26-годишниот Норис нема да се промени.

  • Среќен сум за него, се надевам дека ќе остане ист, дека нема да помисли дека е светски шампион и дека ќе продолжи да биде свој. Дури и да се опушти повеќе и повеќе да ужива во Формула 1 – додаде Саинц.

Норис стана 11. британски возач во Формула 1 што ја освоил титулата и прв за Мекларен откако во 2008 година Луис Хамилтон ја освои својата прва титула.

Хамилтон е седумкратен светски шампион, ги држи рекордот за најмногу победи со 105 и рекордот за најмногу пол-позиции со 104.

  • Навистина, навистина сум среќен за него. Освојувањето на неговата прва титула е навистина особено. Британија продолжува да „произведува“ одлични возачи. Знам какво е чувството кога влегувате на оваа трка и се борите за вашата прва титула, тоа е неверојатно интензивно – истакна возачот на Ферари, Луис Хамилтон.

За титулата, Норис се бореше со Верстапен, кој, пак, му честиташе за успехот.

  • Тој имаше многу добра сезона. Всушност, тоа беше тешка битка меѓу него и Оскар Пјастри, и во еден момент се вклучив во борбата. Освојувањето на првата титула е секогаш многу емотивно. Особено е, бидејќи секој на патеката секогаш сонува за тој момент. Се надевам дека ќе ужива со своето семејство и, секако, со тимот – заврши Верстапен.

 

ИЗДВОЕНИ