
Полицијата истражува пожар што избувна пред куќата на британскиот премиер Кир Стармер во северен Лондон.
Пожарот избувнал во ноќните часови. Влезот во куќата е оштетен. Никој не е повреден, а полицајците се на местото на настанот.
„Во понеделник, 12 мај, во 1:35 часот наутро, полицијата доби пријава за пожар од Лондонската противпожарна бригада. Полицајците беа на местото на настанот. Предизвикана е штета на влезот во имотот, никој не е повреден. Пожарот се истражува, а полицијата останува на местото на настанот додека истрагата продолжува. Секој што има информации се моли да се јави во полиција“, се вели во соопштението.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарникарите биле повикани веднаш по 1 часот наутро и дека пожарот бил изгаснат во рок од половина час. Пожарникарите го опишаа инцидентот како „мал пожар пред имотот“.
Стармер изнајмува куќа откако беше избран во јули, додека тој и неговото семејство живеат во официјалната резиденција на Даунинг стрит.
Стармер ја изрази својата благодарност до службите за итни случаи преку својот официјален портпарол. „Сè што можам да кажам е дека премиерот им се заблагодарува на службите за итни случаи за нивната работа. Ова прашање е под истрага, па затоа не можам да коментирам понатаму“, рече портпаролот.