Ноќеска голем пожар во Лисиче: Изгореа две куќи, зафатена трета, едно лице хоспитализирано

92

Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01.30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од пожарот целосно изгореле две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека била зафатена и третата куќа на С.Г. (57), каде што бил опожарен дел од кровната конструкција.

Во инцидентот повреден е С.С., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден, за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

ИЗДВОЕНИ