
По 15 години, Мануел Нојер веројатно нема да биде член на Баерн (М) следната сезона. Иако преговорите сè уште се во тек за продолжување на соработката за уште една година со кој легендарниот голман би ја завршил својата приказна во клубот, постои голема веројатност дека Нојер ќе ги закачи ракавиците за клинот.
Управата на Баерн (М) веќе размислува за потенцијални замени. Бројни голмани се поврзуваа со клубот од Минхен, а најново име на тој список е тоа на Миле Свилар.
Српскиот интернационалец брани навистина добро во дресот на италијанскиот калчолигаш Рома. Без сомнение, тој е еден од најдобрите голмани во Европа во моментов и привлече огромно внимание со своите одбрани.
За 26-годишниот голман се заинтересирани многу клубови. Челзи, Тотенхем и Борнмут покажаа интерес само од Англија, а тоа значи дека Баерн (М) ќе има навистина силна конкуренција.
Свилар наводно засега нема намера да си замине, има одлични услови во Рома, откако минатото лето потпиша нов договор, но сето тоа би можело да се промени многу брзо.
Понуда од Минхен не доаѓа секој ден, позицијата прв голман на Баерн (М) е нешто навистина посебно и ќе видиме што ќе одлучи Свилар.
Пазарната цена на српскиот голман е 35 милиони евра, но Рома, наводно сака дури 70 милиони евра, а германскиот гигант е познат по тоа што не се откажува лесно од зацртаната цел.
Миле Свилар пристигна во Рим во 2022 година, а сезонава, на 13 од вкупно 30 натпревари не прими гол. .
За потсетување, Свилар бранеше за Белгија во младинските категории, а потоа ја избра Србија и дебитираше на пријателски натпревар против Катар. За жал, потоа ја грееше клупата под водство на поранешниот селектор Драган Стојовиќ.
Ова го налути и тој реши засекогаш да им ја затвори вратата на „орлите“ и да се врати на белгиското знаме.











