Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска не очекува сончево и исклучително топло време, со мала до умерена облачност.
Во попладневните и вечерните часови се предвидува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. На одредени места се можни и краткотрајни невремиња со засилен ветер и изолирана појава на град.
За Скопје беше најавена можност за појава на нестабилна облачност попладне, а попладнево главниот град беше изненаден од необична глетка – град и дожд низ сончевото пладне.