Низ Македонија се регистрирани шеснаесет пожари на отворен простор – три сè уште активни

32

На територијата на државава денеска до 20:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, три се ставени под контрола, додека десет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се пријавени во село Радобил, општина Прилеп, каде гори ниска вегетација и шума, во село Волино, општина Охрид, со пожар на ниска вегетација и во село Корошишта, општина Струга, каде гори ниска вегетација и стрниште.

На ден 27.08.2025 година, до 20:30 часот на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор од кои 3 се активни, 3 сe под контрола и 10 пожари се изгаснати.

АКТИВНИ: 3

1. Општина Прилеп: с.Радобил (ниска вегетација и шума);

2. Општина Охрид: с.Волино (ниска вегетација);

3. Општина Струга: с.Корошишта (ниска вегетација и стрниште);

ПОД КОНТРОЛА: 3

1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);

2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);

3. Општина Сарај: с.Кондово (ниска вегетација).

ИЗГАСНАТИ: 10

1. Општина Сарај: Езеро Треска (ѓубре);

2. Општина Долнени: с.Долгаец и с.Стровија (мешана шума);

3. Општина Конче: с.Дедино (ниска вегетација);

4. Општина Кочани: с.Грдовци (ниска вегетација и ѓубриште);

5. Општина Македонска Каменица: во кругот на Полициската станица (ниска вегетација);

6. Општина Куманово: ул.Доне Божинов (ниска вегетација);

7. Општина Липково: с.Оризари (ниска вегетација);

8. Општина Ранковце: с.Милутинци (остатоци од пелети);

9. Општина Тетово: Тетово (ѓубре);

10. Општина Врапчиште: с.Дебреште и с.Зубовце (ниска вегетација).

ИЗДВОЕНИ