Пат што зборува, ве води, ве предупредува и го контролира сообраќајот за ваша безбедност. Ваква се очекува да стане иднината на патиштата на Коридорот 10, една од главните сообраќајници во земјата, бидејќи наскоро ќе добие нов, модерен и високотехнолошки лик, благодарение на новиот интелигентен транспортен систем со кој движењето ќе стане побезбедно, побрзо и поефикасно, со контрола во реално време и со напредна технологија на секој километар.

За таа цел, вчера беше потпишан Договор за грант со Светска банка во висина од 13,56 милиони евра. Средствата се наменети за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес, што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ИТС-системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д.

 

Пат што зборува, ве води, ве предупредува и го контролира сообраќајот за ваша безбедност. Ваква се очекува да стане иднината на патиштата на Коридорот 10, една од главните сообраќајници во земјата, бидејќи наскоро ќе добие нов, модерен и високотехнолошки лик, благодарение на новиот интелигентен транспортен систем со кој движењето ќе стане побезбедно, побрзо и поефикасно, со контрола во реално време и напредна технологија на секој километар.

За таа цел, денеска беше потпишан Договор за грант со Светска банка во висина од 13,56 милиони евра. Станува збор за дополнителни средства во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант го потпишаа министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, и директорката на Светска банка за Македонија, Карол Межеван.

– Со овие средства се унапредува транспортната ефикасност и предвидливост на Коридорот 10. Ова е една од компонентите од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија крајна цел е зголемена ефикасност на транспортот во РС Македонија и во регионот. Тоа е особено важно во унапредувањето на патната инфраструктура, што како Влада ни претставува значаен приоритет, а самиот Проект ќе овозможи олеснување на трговијата и намалување на трошоците на економските субјекти –  рече министерката и нагласи дека Владата работи на полето на подобрување на економските услови во целина, а сѐ со цел постигнување позабрзан економски пораст.

Директорката Межевен нагласи дека инвестирањето во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори е од витално значење за порастот на Македонија.

–  Државата може да ги зајакне вредносните синџири, да отвори пазари, да ги намали трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции. Овие подобрувања ќе ѝ помогнат на земјата и во создавањето работни места и во градењето конкурентна, отпорна економија. Оваа иницијатива е клучна за реформите за пристапување на земјата во ЕУ и е во согласност со законодавството на ЕУ и со Стратегијата за одржлива и за паметна мобилност на Западен Балкан – рече Карол Межеван.

Средствата се наменети за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес, што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ИТС-системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д.

Поконкретно, ќе бидат воспоставени систем за собирање податоци за протокот на сообраќај; систем за следење на тежината во движење (WIM); елементи за контрола на висината на возилата што пристапуваат до автопат; систем за собирање податоци за временските услови по должина  на трасата на автопатот и систем за следење на транспортот на опасни материи (HAZMAT).

Активностите се реализираат во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија вкупна вредност е 26,2 милиона евра. Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка. Проектот го имплементира Министерството за транспорт.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ