Нивото на составот на руската делегација е „декоративно“, смета Зеленски

30
EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул.

По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, пренесува Ројтерс.

Во таа прилика, тој го оцени нивото на состав на руската делегација испратена во Турција на разговори како „декоративно“.

Украинскиот претседател треба да се сретне со Ердоган во 12 часот, јавува Ројтерс.

Зеленски, исто така, рече дека пред сè, сака да му се заблагодари на Ердоган за организирањето на таа средба, „за можноста за директни разговори тука во Анкара“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ