недела, јануари 25, 2026
Дома МАГАЗИН Нивото на морето расте побрзо отколку во последните 4.000 години

Нивото на морето расте побрзо отколку во последните 4.000 години

76

Научниците утврдија дека нивото на морето се зголемило со побрзо темпо помеѓу 1900 и 2020 година отколку во кое било време во претходните 4.000 години, објави денес „Шпигел“.

Користејќи податоци од студии за корални гребени и тропска вегетација во плитки, крајбрежни води, истражувачите го реконструираа нивото на морето од крајот на последното ледено доба во нова студија, заклучувајќи дека тие сега растат особено брзо и дека топењето на глечерите не е единствената причина за ова.

Сегашното зголемување на нивото на морето првенствено се должи на две причини, открија истражувачите предводени од научникот Јученг Лин од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси.

ИЗДВОЕНИ