Кревањето брисачи како форма на граѓанска опомена за погрешно паркирање сè почесто се гледа на улиците.
Овојпат, мета беше и возило на граничната полиција, оставено среде булевар во скопската населба Аеродром.
Симболичниот потег на совесен граѓанин уште еднаш покажа дека револтот кон сообраќајниот неред не познава исклучоци — ниту кога станува збор за оние што треба да го одржуваат редот.












