Ниту еден од повредените во силната експлозија на бензинска пумпа во Рим не е во животна опасност

300

Ниту едно од 21-те повредени лица во силната експлозија на бензинска пумпа во Рим не е во животна опасност, а само едно лице е потешко повредено.

Околу 40 лица се спасени, изјавија извори од противпожарната служба за Анса.

Експлозијата се случи денеска на бензинска пумпа на периферијата на Рим, а пожарот избувна кога пумпата на една од цистерните што носеле гориво на станицата се расипала.

ИЗДВОЕНИ