Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска се извини за изјавата дека ниту еден Американец не загинал во војната во Иран, признавајќи дека животот го загубиле 18 војници и напоменувајќи дека, кога ја направил грешката, всушност мислел на Венецуела, пренесува Ројтерс.
„Погрешно се изразив. Загинаа осумнаесет припадници на нашата војска, а нивните семејства се скршени од болка; длабоко жалам за нивната загуба“, рече тој.












