Ниту дождот не го гасне пожарот на Дрисла – чадењето продолжува

206

Долгоочекуваниот дожд што од ноќеска паѓа во скопската котлина не помага значително во гаснењето на пожарот на депонијата Дрисла.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека секој ден се фрлаат тони вода, но чадењето продолува.

Тој најави дека ќе се преземат дополнителни мерки за конечно да се прекине горењето, кое деновиве сериозно го влошува квалитетот на воздухот во главниот град.

Еколошка бомба во Скопје – запалените депонии го претворија градот во отровна комора

Инаку, синоќа Ангелов информираше дека поради ветрот кој дуваше од депонијата Дрисла во насока на Скопје во делови од градот се чувствуваше силен непријатен мирис.

ИЗДВОЕНИ