Канадската лизгачка Флоренс Брунел освои сребрен медал, како дел од канадскиот мешан штафетен тим, а нејзиниот пат до успехот бил навистина трнлив. Таа е родена без три прста на левата рака и во текот на целиот живот имала бројни предизвици. Нејзината физичка попреченост честопати ѝ предизвикувала проблеми, а особено ѝ било тешко да се снајде во брзото лизгање, спорт во кој натпреварувачите ги користат дланките за да одржуваат рамнотежа со неверојатна брзина додека влегуваат во острите кривини.

Сепак, таа успеа да го достигне врвот, првпат појавувајќи се на Зимските олимписки игри во 2022 година. За жал, успехот имаше горчлив вкус во тоа време.

  • Го остварив мојот сон и се чувствувам несреќно. Зошто воопшто би продолжила со ова? Ја загубив целта – нагласи Флоренс тогаш.

Таа падна во депресија и покрај тоа што стана најмладата канадска лизгачка на кратки патеки што се натпреварувала некогаш на Зимските олимписки игри.

Некако успеа да се извлече од депресијата, а нејзината филмска приказна доби среќно продолжение затоа што сега, по пеколот низ кој помина, конечно освои медал.

Откако го освои медалот, таа откри пред телевизиските камери како изгледа нејзината рака и многумина беа шокирани бидејќи не знаеја дека е родена без три прста.

За да го надмине овој хендикеп, 22-годишната Флоренс користи специјално дизајнирана, уникатна ракавица, која ѝ овозможува да балансира на мразот во исти услови како и нејзините конкурентки, а со текот на времето покажа дека и покрај сите физички недостатоци, со голема волја може да се постигнат големи резултати.

ИЗДВОЕНИ