Трамп размени закани со Куба: Без договор со САД нема веќе нафта и пари

277
EPA/Ernesto Mastrascusa

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера издаде уште едно предупредување до кубанската влада, додека блискиот сојузник на Венецуела се подготвува за потенцијални немири откако Николас Мадуро беше соборен од функцијата и однесен во затвор во Њујорк.

Куба, голем корисник на венецуелска нафта, сега е отсечена од тие пратки, бидејќи американските сили продолжуваат да запленуваат танкери во обид да го контролираат производството, рафинирањето и глобалната дистрибуција на нафтените производи на земјата.

Трамп наведе на социјалните мрежи дека Куба долго време живее од венецуелска нафта и пари и за возврат и нудела безбедност, „но повеќе не може да биде така“.

„Нема да има повеќе нафта и пари за Куба – ништо“, напиша Трамп со големи букви на социјалните мрежи, додавајќи дека предлага договор пред да биде предоцна.

Трамп не објасни за каков договор станува збор.

Часови подоцна, кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел напиша на платформата X дека „оние кои сè претвораат во бизнис, дури и човечки животи, немаат морален авторитет да го вперат прстот кон Куба на кој било начин, апсолутно на кој било начин“.

Кубанската влада соопшти дека 32 нејзини војници биле убиени во операцијата на САД минатиот викенд, во која беше заробен Мадуро. Персонал од двете главни безбедносни агенции на Куба бил во Каракас како дел од договорот меѓу Куба и Венецуела.

ИЗДВОЕНИ