Најавувана како спектакл досега невиден во овој регион, претставата со дронови што требаше да се изведе на небото над Стариот град во Будва на полноќ на Нова Година заврши неславно.
Околу 600 дронови паднаа во морето и на платото пред Капетанија, а снимки од фијаското се појавија на социјалните мрежи.
@maggiee_____1♬ original sound – 🌐 – rzxicc
Полицијата извршила увид на лице место. За целиот настан е запознаено Основното државно обвинителство во Котор. Останува нејасно што точно го предизвикало падот на стотиците летала. Станува збор за скапоцено шоу вредно десетици илјади евра.
View this post on Instagram
Причините за инцидентот ќе ги утврдува вештак кој ќе биде ангажиран од страна на обвинителот, за да се открие дали станува збор за техничка грешка, хакерски напад или пречки во сигналот.
Никој не е повреден, рекоа тие.
На претставата со дронови му претходел огномет.












