Ништо од разговорот – Трамп: „Не ни размислувам за Илон Маск, кутриот има проблем“

470
EPA-EFE/WILL OLIVER

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека „дури и не размислува“ за милијардерот Илон Маск и дека нема да разговара со него во блиска иднина.

„Дури и не размислувам за Илон. Тој има проблем. Кутриот има проблем“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека претпоставува дека нема да разговара со сопственикот на Тесла некое време, но дека „му посакува се најдобро“.

Спорот меѓу американскиот претседател и поранешниот шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) започна откако Маск го критикуваше законот за трошење и даноци на Трамп, кој влијае на бизнисот со електрични возила.

Трамп рече дека не е сигурен дека ќе биде во добри односи со Маск во иднина, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име се наоѓа во досиејата на осудениот педофил Џефри Епштајн.

Трамп потоа изјави за Политико дека не е загрижен за неговите несогласувања со Маск и дека „сè е во ред“, алудирајќи на намалување на тензиите.

ИЗДВОЕНИ