Според грчкиот весник „Газета“, Монако сака да го доведе во своите редови кошаркарот на Олимпијакос, Шакил Мекисик.

Интересно е што неодамна се појави информација дека Американецот би можел да ја заврши својата професионална кариера ова лето, но се чини дека дошло до пресврт. Тој одигра 38 натпревари за Олимпијакос во Евролигата оваа сезона, со просек од 7,6 поени, 2,1 скока и 1,6 асистенции.

Тој е во тимот од Пиреја од 2020 година, а за време на неговиот престој во клубот, три пати ја освои титулата во грчкото првенство, а исто така трипати ги освои и грчкиот куп и Суперкупот.

ИЗДВОЕНИ