Со помош на ботоксот! Многумина коментираат не многу убаво. Некои се строги критичари, а најмногу поради промените на нејзиното лице до точката на непрепознатливост. Тие загрижено ја прашуваат пејачката “Нина, да ли си ти тоа со тие напумпани усни“?
Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ, омилена кај нашата македонска публика, најавува за оваа есен, или најдоцна до почетокот на зимата, промоција на новиот албум “Моји људи“ во нашето Скопје. И навстина е така, дека Нина премиерно ќе се представи со потенцијално новите хитови кај своите луѓе, кај своите македонски фанови. Ја сакаат и поради добро испеаната македонска народна песна “Не кажувај либе добра ноќ“ во соработка со нашите браќа Тавитијан.
Дека е овде навистина сакана, Нина потврди и со минатогодишните прилично успешни солистички концерти во Македонската филхармонија кои беа исполнети до последното место. Зачудувачки е дека тие концерти беа раклама самите за себе, без рекламите по медиумите. Како што е праксата за концертите на останатите пејачи, дури и кога настапува мегапопуларната Лепа Брена.
Нина е некоја малку чудна пејачка “сорта“, која има необјаснива харизма и ако ја бие глас дека знае да биде понекогаш препотентна, недостапна. Во зависност од нејзиното приватно расположение. Овојпат таа за својата публика своите фанови, отворено зборуваше за стареење како неизбежен природен процес. Но и за естетските корекции. Вели дека стареењето го смета за привилегија на секој здрав човек, маж и жена, отфрлајаќи го притисокот на општеството кое, според неа, наметнува „терор со вештачка убавина“.
Додека добар дел од нејзините обожаватели го пофалија нејзиниот нов физички изглед, сепак многумина коментираат не многу убаво. Некои се строги критичари, а најмногу поради промените на нејзиното лице до точката на непрепознатливост. Тие загрижено ја прашуваат пејачката “Нина, да ли си ти тоа“?
Некои дури ја споредуваат со Крис Џенер, а имаше и такви што тврдат дека жално се „унаказила“. Еден од тие “загрижените“ не се штедеше во критиките па, отворено напиша: “Гласот ти е совршен, песните прекрасни, но што направи со своето лице? Се загуби под скалперот и ботоксот, зошто ти требаше тоа? О, Боже, со тие напумпани образи и усни веќе не личиш на себе, сега си како страшило за птиците“…(Д.М.)