Вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи. Во Парис ќе се случат бројни средби на кои што ќе се разговара за зголемување на политичката и економска соработка меѓу Македонија и Франција.
– Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за Европа во рамките на француската влада каде разговараме за подобрување на билатералните односи и во политичкиот и во економскиот дел, а во текот на попладнето ќе имаме средби со директорката на трезорот на Француската Република како и со директорот на Агенцијата за поддршка на Република Франција. Тука секако е и Министерството за еконсмија и финансии и средбата со 11 -те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат во Македонија, со цел во Македонија да се отвораат нови и добро платени работни места. Сметаме дека Македонија може да е атрактивна дестинацаија за француските компании и инвеститори – истакна Николоски.
Исто така ќе се разговара и за инфраструктурата и развојот што Македонија го планира и во автопатскиот дел и делот на аеродромите и во делот на железницата.
– Двата македонски аеродрими се оперирани од француска компанија и сме многу задоволни како се одвива соработката особено со нови летови. Би сакал да ја потсетам македонската јавност дека 11 нови летови има во Македонија со доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Николоски.
Во текот на утрешниот ден Николоски ќе има средба со министерот за транспорт, со колегата од Француската Република, Филип Табаро, на која ќе разговара за целокупната соработка меѓу двете држави. Т
– Тука е средбата со УНЕСКО каде ќе разговараме за заштитата на Охрид и Охридското езеро и средбата со пратениците во Француското Национално Собрание каде ќе зборуваме за подобрување на политичките односи. Сметам дека оваа државна посета ќе ги донесе на едно повисоко ниво односите меѓу Македонија и Франција што е од корист за двете држани, што значат многу за нас како земја членка во НАТО и партнер на Франција во НАТО и секако нашите амбиции за членство во ЕУ и најважното а тоа е подршка на македонскиот национален идентитет, засебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик- истакна вицепремиерот Николоски.