Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево: 40 километри од автопатот се ставени во функција/видео

114

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.

Тој напиша:

„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.

40 километри се веќе во функција.

Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ.

Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!

За многу години Божиќ и Бадник!

– објави вицепремиерот Николоски.

ИЗДВОЕНИ