Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат сè од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата, соопшти од терен вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.
Николоски, ја истакна посветеноста на работниците и нивната важна улога во одржување на патната мрежа. „Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои даваат сè од себе за сите патишта да останат проодни и чисти“, рече Николоски.
Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои што даваат сè од себе, за сите патишта да се проодни и чисти во навистина тешки временски услови, напиша тој на ФБ.
Николоски упати и повик внимателно да се вози и возачите да се прилагодат на условите на патиштата.












