Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека народот на Соединетите Американски Држави треба да се обедини со Венецуела за мир во Америка.
„Доста со бескрајни војни. Доста со неправедни војни. Крај на Либија. Крај на Авганистан“, рече Мадуро за време на митингот во венецуелската престолнина Каракас.
На прашањето од CNN дали има порака за американскиот претседател Доналд Трамп, Мадуро одговори на англиски јазик дека има и дека тоа е – мир.












