– Јас и Данијел неодамна дознавме дека сме во најтесна роднинска врска. Ги истражувавме корените и дојдовме до сознанието дека нашите прадедовци, всушност, биле биолошки браќа. Крвта не е вода! – убеден е Станишиќ

 Никола Станишиќ од Македонија, победникот во годинашното шоу „Ѕвездите на Гранд“, сè уште не може да се свести од тоа, како што вели, што го снајде. А, го „снајдоа“ само убавини. Тој од пред некој ден е сопственик на нов автомобил, кој и официјално му беше предаден од Горан Шљивиќ, новиот директор на „Гранд продукција“. Дадени му клучевите на Никола, кој потоа излезе со сосема неочекувана изјава.

– Пресреќен сум! И повеќе од тоа. Да не се лажеме, потајно очекував победа, но не бев сигурен дека навистина ќе ми се случи таков триумф. Сега треба да се штипнам за образ, да сфатам дека мене ми се случува тоа. Да не беше цело време Цеца Ражнатовиќ покрај мене, веројатно ќе се откажев. Таа дури не замина на своето традиционално летување во куќата на Кипар, само за да остане со мене до завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Во меѓувреме, за сите свои обожаватели, а сега ги има еден куп, Никола шокантно открива еден мошне интересен детаљ од својот приватен живот. Тој и пејачот Данијел Савиќ, со кого ги одмери силите во финалето, всушност, се први братучеди. Никола објави фотографија на својот истаграм-профил на која, освен со Даниел, е и со пејачот Елвис Мешиновиќ. При тоа напиша: „Мојот брат Даниел“.  Многумина мислат дека се шегува, дека си прави публицитет.

– Не, не е шега. А и не ми треба таква реклама. Јас и Данијел неодамна дознавме дека сме во најтесна роднинска врска. Ги истражувавме корените и дојдовме до сознанието дека нашите прадедовци, всушност, биле биолошки браќа. Крвта не е вода! Значи, и мојата баба од страната на татко ми и бабата на Даниел, исто така од страната на татко ми, се сестри – разјасни победникот на „Ѕвездите на Гранд“. Сега братската блискост помеѓу Никола и Данијел е уште поголема. Поради тоа, уште повеќе ја истакнуваат својата братска гордост и им раскажуваат на луѓето. Тие се од иста фамилија. Под таа нивна заедничка слика, Данијел воодушевено, братски допиша:

– Мој победник и, пред сè, мој брат, мое семејство.Те сакам Никола!   (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ