Никола Кукунеш е нов в.д. директор на „Струшките вечери на поезијата“, потврдија за весникот ВЕЧЕР од Министерството за култура и туризам.
Тој на 15 јули е назначен на оваа позиција од редот на вработените од оваа национална установа. Претходно в.д. директор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ беше Цветанка Маркоска.
Кукунеш е советник во Советот на Општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ.
„Струшки вечери на поезијата“ ќе се одржат од 21 до 25 август, а наградата „Златен венец“ ќе биде доделена по 60. пат, овој пат на словачкиот поет Иван Штрпка, годинашниот лауреат. Наградата „Мостови на Струга“ за 2025 г., на „Струшките вечери на поезијата“, ја доби, пак, Матеуш Шимчик за својата дебитантска збирка „Потребни се извори“.
Годинава ќе се одржи 64. издание на реномираната поетска манифестација.