Никола Јокиќ урна рекорд, па „испали“: „За ова ќе им раскажувам на децата со пиво на тремот“/ВИДЕО

162
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Оваа сезона, Јокиќ има просек од 29,6 поени по натпревар, 12,3 скока и 10,9 асистенции. Денвер е втор на Западот со 20 победи и шест порази

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до победа од 126-115 над Орландо Меџик со 23 поени, 13 асистенции и 11 скока. Тоа беше неговиот 13-ти трипл-дабл во сезоната, а тој стана и центарот со најмногу асистенции во историјата на НБА!

Секогаш велам дека овие работи се за после мојата кариера. Ова е наследство на кое ќе се осврнувам додека пијам пиво на тераса и ќе им раскажувам на моите деца измислени приказни – рече српскиот кошаркар по натпреварот.

Претходниот рекорд за асистенции од центар го држеше Карим Абдул-Џабар (5.660 асистенции), а Јокиќ го надмина шест и пол минути пред крајот на полувремето против Орландо, асистирајќи му на Џален Пикет за тројка.

Оваа сезона, Јокиќ има просек од 29,6 поени по натпревар, 12,3 скока и 10,9 асистенции. Денвер е втор на Западот со 20 победи и шест порази.

ИЗДВОЕНИ