Како гром од ведро небо одекна веста за евентуална размена на еден од најдобрите кошаркари – Никола Јокиќ. Оваа вест ја „подгреа“ сопственикот на Денвер, Џош Кронке, кој предизвика огромна возбуда со своите директни изјави за Србинот, кој би можел да го напушти Нагетс, а има и многу дискусии за тоа каде би можел да ја продолжи својата одлична НБА-кариера.

Никола Јокиќ е моментално еден од најдобрите играчи во НБА и неверојатно е дека Денвер би можел да го загуби. Првиот човек на Нагетс, сепак, го призна тоа.

  • Секако, ова лето ќе му го понудиме договорот што ни е дозволено да му го понудиме – одговори тој на новинарско прашање за иднината на еден од најдобрите кошаркари во светот, кој на крајот не беше задоволен од изгледот и од можностите на својот тим.

Денвер може да му понуди на Јокиќ максимален тригодишен договор вреден 212 милиони долари, ова лето, но Кронке рече дека тие не ѝ даваат многу шанси за успех на таа понуда.

  • Можеме да му го понудиме, но не знам дали ќе го прифати – додаде Крнке.

Јокиќ не само што би имал можност да потпише многу попрофитабилен договор со чекање на дополнителна сезона туку и би можел да види каде оди Денвер и каков тим успеал да изгради или барем успева да изгради. Нема да биде лесно тоа, бидејќи Нагетс е во значителни финансиски проблеми или е доста ограничен со договорите. Работата сè уште не е критична, но може да се слушне колку е загрижен помладиот Кронке, наследник на величествената империја на Стен, попознат во Европа како сопственик на Арсенал.

Не само што не им потврди на новинарите дека ќе остане Никола во Денвер засекогаш туку го направи спротивното.

  • Имаше толку многу шпекулации за нов договор. Станува збор за тоа Никола да мора да го направи она што е најдобро за него и неговото семејство. Со оглед на она низ кое поминавме заедно, сакаме да бидеме јасни и транспарентни со него. Практично, јасно ставија до знаење дека не очекуваат потпис ова лето и дека ќе видат што ќе се случи.

Секако, овие зборови развеселија многумина. Дури и навивачите на многу клубови, особено на Лос Анџелес лејкерс, кои се убедени дека Јокиќ би сакал да игра во Градот на Ангелите, пред сè, заедно со својот пријател Лука Дончиќ.

Секако, Дончиќ и Јокиќ се одлични пријатели, а прашањето е дали ќе може Лејкерс да го има триото Леброн – Дончиќ – Јокиќ или, можеби, Кралот ќе им ја препушти иднината на тимот од Градот на Ангелите на балканските мајстори.

ИЗДВОЕНИ