Екипата на Денвер најпосле се ослободи од проблематичниот кошаркар Мајкл Портер Јуниор, беше продаден во Бруклин ова лето. Неговото заминување беше проследено и од еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, кој на оригинален и помалку комичен начин се збогува со својот поранешен соиграч.
„Потруди се да носиш кондом таму“, гласеше пораката на Јокиќ до својот поранешен соиграч.
View this post on Instagram
Се чини дека Јокиќ следел сè за скандалите на Портер што се случија по размената, во која Денвер го доби крилниот кошаркар Кем Џонсон во трејдот.
Американските медиуми го фатија како ужива во ноќниот живот на Њујорк неколку пати, и очигледно е дека Јокиќ следел сè.
Портер помина шест сезони во дресот на Нагетс и ја освои шампионската титула со франшизата од Колорадо во 2023 година. Во 345 лигашки натпревари од сезоната, Портер имаше просек од 16,2 поени, 6,4 скока и 1,4 асистенции.