Екипата на Денвер интензивно се подготвува за новата НБА сезона, која започнува на 24 октомври, кога ќе играат против тимот на Голден стејт, а нивниот најдобар играч, Никола Јокиќ, одговараше на прашања од новинарите.

На едно од нив беше прашан како се снаоѓа на теренот заедно со Јонас Валанчунас, кој од оваа сезона е нов член на Денвер. Српскиот центар даде хумористичен одговор.

  • Зошто да не? Доста ми е од Арон Гордон. Не можам повеќе да играм со него, мора да го промениме. Тој нема да ме промени мене. Зошто да не, ајде да пробаме нешто ново. Ми се допаѓа. Мора да бидеме креативни. Ајде да покажеме нешто што никој не го видел, порача Јокиќ.

Србинот беше прашан и за промените во одбранбената тактика на Нагетси.

  • Ќе пробаме нешто различно. И разгледувам како можам да влијаам на таа област. Ќе биде различно од минатата година. Со нетрпение очекувам да видам како ќе изгледа. Возбудливо е да се проба нешто ново, продолжи Јокиќ.

Во тренерскиот штаб на Денвер се вклучени Џаред Дадли и Џеј Џеј Бареа, па од српскиот кошаркар беше побарано да коментира за тренерите.

  • Ова е прв пат да бидам во нивна близина бидејќи дојдов тука пред два дена. Знаете, кога некој е во лигата 14 години, играл во многу тимови и со многу добри играчи, без разлика колку минути играл, без разлика на се… Ако некој е во лигата 14 години, јас слушам. Ги почитувам. Тие знаат за што зборуваат. Виделе многу, додава Србинот.

Јокиќ нагласи дека е возбуден поради новиот тим и промените во тренерскиот штаб.

  • Да. Точно, особено со новиот тренерски штаб, новиот систем што ќе го пробаме. И мислам дека ми се допаѓа. Тоа е нешто ново и со нетрпение го чекам, заврши центарот.

ИЗДВОЕНИ