За нов претседател на Советот на Општина Бутел е избран д-р икола Божиновски.
Од Општината информираат дека Д-р Никола Божиновски е специјализант на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Тој живее во Бутел 2 и добро ја познава душата на Општината.
– Д-р Никола работеше како матичен лекар во Бутел и беше омилен кај пациентите. Тој е човек со изграден карактер и личност со интегритет, кој на посебен начин ја доживува Македонија, особено Општина Бутел – велат од локалната самоуправа.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за неговиот избор за претседател на Советот на Општината и истакна дека Бутел се гордее со вредни и посветени личности како што е тој.
Костовски изрази уверување дека ќе се зајакне и продлабочи соработката со новиот претседател, во интерес на сите граѓани на Општината. Истовремено, градоначалникот изрази голема благодарност за одличната соработка со досегашниот претседател на Советот на Општината, д-р Игор Николов, кој ја презеде функцијата амбасадор во Француската Република.