Никол Шерцингер го совлада новиот вирален предизвик во вртоглави потпетици/ВИДЕО

137

И Никол Шерцингер попушти и го направи предизвикот што ги преплави социјалните мрежи во изминатите неколку дена и воопшто не е безбедно, особено ако сте на местото каде што е пејачката.

Во претходните денови, бројни ѕвезди се фалеа дека се обидуваат да го изведат предизвикот да стојат на една нога додека, всушност, нозете им се прекрстени. Местата каде што го направија тоа беа разни, а Никол избра камен на сред море.

Вртоглаво високи потпетици, бело бикини и чаша коктел во рака беа нејзиниот избор за ова најново „модно издание“ и да, и карпата и беше дел од целата сценографија.

Никол уште еднаш го покажа своето тонирано тело, издржливост и рамнотежа, но и колку е посветена на тренингот, па го издржа овој предизвик без никакви проблеми, барем така изгледа во видеото.

ИЗДВОЕНИ