Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ има неверојатен почеток на новата НБА-сезона. Практично, ова е негова прва целосна сезона со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, откако беше продаден од Далас кон средината на минатата година. Тој очигледно се адаптираше во Калифорнија, што се докажува со неговиот просек од 12 одиграни натпревари.
Дончиќ има просек од 34,5 поени, 8,9 асистенции и 8,8 скока за 37 минути на теренот. Вкупно 414 поени и 107 асистенции – никој досега не успеал да влезе во клубот „400-100“ во 12 натпревари претходно. Тој пропушти четири натпревари поради повреда на прстот, но сега одигра осум натпревари откако се врати, во кои Лејкерс имаат шест победи.
Последниот беше против Јута (108:106), во натпревар во кој Дончиќ имаше 33 поени, 11 скока и осум асистенции.











