Легендарниот ски-скокач Норијаки Касаи покажа дека е еден и единствен, неповторлив. Минатиот викенд, на натпреварот во ски-скокови што се одржа во Рука, Финска, тој успеа да освои бодови, и покрај тоа што има 53 години.

На второто најголемо натпреварување по Светското првенство, кое скијачите го користат за да се вратат во форма, а други за да чукнат на вратата на националните А-тимови, Касаи стана нов рекордер во ски-скокови.

Тој стана најстариот натпреварувач во историјата што освоил бодови двапати на официјален натпревар во еден викенд. Прво, во саботата, го освои 18. место и освои 13 бода, а во неделата го освои 14. место и освои 18 бода. Едноставно е неверојатно што се вклучува во професионалниот спорт со своите 53 години, но тој е еден и единствен.

Следните натпревари од Континенталниот куп се на 27 и на 28 декември во Енгелберг, период во кој започнува новогодишната турнеја за Светскиот куп.

Ќе видиме дали ќе добие Касаи шанса да ѝ се приклучи на јапонската репрезентација за повторно да се испроба на новогодишната турнеја.

ИЗДВОЕНИ