Никогаш повеќе нема да ве вознемируваат: Потребни се сами три состојки од кујната да ги избркате здодевните муви

128

Направете раствор со помош на кој ќе се ослободите од мувите, а потребни ви се само три состојки што веќе ги имате дома.

Мувите се чест проблем во текот на топлите летни месеци бидејќи прозорците и вратите се оставени отворени за да се пушти свеж воздух во просторијата. За среќа, можете многу лесно да се ослободите од овие штетници.

Тиктокерката Лили откри кои три лекови можете да ги користите, а нивната предност е што веројатно веќе ги имате во вашите кујнски ормари.

Состојки:

Сок од 1 лимон

Маслиново масло

Бел оцет

Подготовка:

Користете чиста тегла, но можете да користите и чаша. Наполнете ја со еднакви количини маслиново масло, сок од лимон и бел оцет, потоа ставете парче проѕирна фолија врз теглата и направете неколку мали дупки со нож.

ИЗДВОЕНИ