Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија Британецот Тајсон Фјури, изјави дека никогаш нема да се врати во рингот. Фјури не боксувал откако загуби од Украинецот Александр Усик во реваншот во декември, минатата година.
Фјури неодамна побара трилогија борби против Усик, а неговиот можен дуел против сонародникот Ентони Џошуа постојано се споменуваше, но тој ја отфрли можноста за враќање на рингот, објави Скај. Тој присуствуваше на коњските трки во Донкастер и кога го прашаа дали ќе се врати на рингот, Фјури одговори: „Никогаш“. „Премногу сум стар, погледнете ја мојата брада, сива е. Боксот е младински спорт“, додаде 36-годишниот Фјури. Тој гледаше трка во која учествуваше неговиот коњ „Големиот цигански крал“ и беше прашан дали ќе учествува на трките. „Можеби, којзнае“, изјави Фјури.