epa12210152 Leylah Fernandez of Canada in action during the Women's 2nd round match against Laura Siegemund of Germany at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 02 July 2025. EPA/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Лејла Фернандез играше во познато финале на Отвореното првенство на САД пред четири години, кога славеше Британката Ема Радукану, станувајќи првата шампионка на гренд слем од квалификациите во историјата.

Канаѓанката, тогаш, иако имаше поважни победи на турнирот, иако беше подобро рангирана, не успеа да ја прескокне таа последна пречка, и повеќе или помалку, падна во заборав.

Таа е сè уште далеку од врвот на светот, сè уште заработува многу помалку, но се чини дека реши да промени барем нешто во својот живот. Пред неколку дена, таа објави на „Инстаграм“ дека сака да најде партнер со кого ќе излегува во текот на турнирот во Монтреал, следната недела. И е импресионирана од одѕивот.

– Уште првиот ден имаше повеќе од сто пораки – истакна 22-годишната тенисерка од Монтреал, чии корени се од другата страна на планетата.

Нејзиниот татко е од Еквадор, а нејзината мајка е од Филипините.

– Сега имам многу избор. Добив одговор од спортисти, дури и од оние што ги запознав на Олимписките игри. Ми кажаа дека ме разбираат, дека и тие, на 22 години, сè уште не биле на состанок. Јасно напишав на „Инстаграм“ дека секој од нив прво мора да разговара со мојот татко. Никогаш не ги поддржував апликациите за запознавање, па затоа решив да го направам тоа на мој начин – вели 36. тенисерка во светот.

Таа напиша на „Инстаграм“ дека средбата ќе трае еден час.

– Никогаш не сум била на состанок со момче и навистина мислам дека ваквиот разговор ќе биде во ред. Само сакам да видам како ќе помине, не планирам ништо однапред, прво треба да се запознаеме, да откриеме какви хобија имаме, какви вкусови… Ќе може да ме праша што сака, јас сум професионален тенисер, но тоа не е сè – кажа тенисерката, меѓу другото.

Канаѓанката игра во Вашингтон оваа недела. На почетокот ја победи Џоинт од Австралија со 6:3, 6:3, а во второто коло ќе се сретне со првата носителка, Џесика Пегуља.

 

ИЗДВОЕНИ