четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Никогаш не му верувајте на Путин, запомнете – тој е офицер на...

Никогаш не му верувајте на Путин, запомнете – тој е офицер на КГБ, порача Порошенко

38
EPA/ADAM WARZAWA POLAND OUT

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко му порача на сегашниот претседател на оваа земја, Володимир Зеленски, никогаш да не му верува на рускиот претседател Владимир Путин и да влегува во преговори со него само кога има предност.

Тој за „Политико“ од Минхен рече дека се плаши оти тие максими ќе бидат игнорирани во тековните мировни преговори со посредство на САД.

Како што се наведува, Порошенко, кого го нарекуваат и крал на чоколадото на Украина, го рекол тоа врз основа на неговото искуство со договорите од Минск од 2014 и 2015 година, кои требаше да го замрзнат конфликтот околу Донбас, а ги потпишаа лидерите на Украина, Русија, Франција, Германија и украинските сепаратисти.

Порошенко, првиот избран претседател на Украина по востанието на Евромајдан во 2013-2014 година, во кое беше соборен Виктор Јанукович, кој беше поддржан од Москва, смета дека Зеленски направил грешка со тоа што се вклучил во преговори што ги исклучиле Европејците и дека требало да инсистира на итен прекин на огнот.

„И покрај катастрофата во Овалната соба минатиот февруари, тој требаше да се држи до едноставното барање за прекин на огнот. Тој не го разбира Путин и не го разбира Трамп. А имаме уште еден проблем: Трамп не го разбира Путин. А тоа е глобална трагедија, и тоа не само за Украина“, рече Порошенко.

„Трамп мисли дека Путин тргува со него и се обидува да добие подобри мировни услови. Тоа не е вистина. Путин не тргува. Тој има апсолутно поинакво разбирање. Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз. Путин сака повторно да ја воспостави руската империја. Не се сомневам во тоа. Путин сонува за своето место во историјата, без оглед на цената на изгубените животи – руски животи и, се разбира, украински животи“, рече Порошенко, кој ја предводи главната опозициска партија Европска солидарност.

Тој верува дека Путин го користи барањето за територија на истокот од Украина „за да се обиде да ја дестабилизира внатрешнополитичката ситуација во Украина“ и да го уништи единството на земјата бидејќи секоја територијална отстапка би морала да се гласа на референдум, што би ги поделило Украинците. „Ова е руско сценарио. Запомнете, Путин е офицер на КГБ. Тој е специјалист за вакви работи“, рече Порошенко.

ИЗДВОЕНИ