epa12427754 Novak Djokovic of Serbia reacts during his Men's Singles match against Marin Cilic of Croatia at the Shanghai Masters tennis tournament in Shanghai, China, 03 October 2025. EPA/ALEX PLAVEVSKI

Само неколку дена пред почетокот на првиот гренд слем турнир сезонава, Австралија опен, сите очи се вперени кон најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, кој на 39-годишна возраст ќе се обиде да освои уште еден трофеј на гренд слем турнирите. Патот до титулата нема да му биде лесен. Ќе мора да се бори против своите најсилни ривали, Јаник Синер и Карлос Алкараз, кои доминираат во последната година. Сепак, легендарниот австралиски тенисер, Род Лавер, не сака да го отпише српскиот тенисер и покрај силата на конкуренцијата.

Лејвер, по кого е именуван главниот терен во Мелбурн и кој ќе учествува на церемонијата на отворањето заедно со Швајцарецот Роже Федерер, Андре Агаси и со Лејтон Хјуит, даде оцена за тоа до каде може да стигне Србинот на овој турнир.

– Исклучително е тешко да се предвиди, што е одлична работа за тенисот. Многу играчи би можеле да ја освојат титулата. Секако, Синер и Алкараз се на врвот од таа листа, нивното соперништво се интензивира. Синер продолжува да ја подобрува својата игра и е двократен шампион и бранител на титулата, но ако стане премногу жешко, би рекол дека Карлос ќе има предност. Мислам дека неговата желба да слави ќе биде поголема од кога било досега. И никогаш не би го отпишал Новак Ѓоковиќ, кој ги сака условите во Австралија – кажа Лејвер.

Отвореното првенство на Австралија ќе започне на 18 јануари, а финалните натпревари ќе се играат на 1 февруари.

 

ИЗДВОЕНИ