На тротоарот на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид „никна“ зграда. Според фотографиите што ги објави на „Фејсбук“ поранешниот прв човек на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски, столбовите на зградат се поставени на средината од тротоарот на оваа улица направена во периодот  1965-1975 година, а балконите буквално се надвиснати над коловозот.

– Оваа улица, правена уште во тој период, беше со тротоари и беше поголема од пистата на Охридскиот аеродром. По неа се движеа по стотина „фичовци“ и педесетина коњски коли, а магарињата од Велешта беа врзани кај Гимназијата. А денес, во време на „најпрогресивни“ генерации, кои се упатени во современите светски текови, прошетани максимум двапати со „Визер“ за 15 евра, патот е затворен со  темели од згради. Не сте виновни вие, виновни сме ние што ви се тргаме од патот – револтирано коментира Устијаноски.

Деновиве Комитетот на УНЕСКО одржа сесија на која беше даден предлог Охрид и регионот да бидат ставени на листа на загрозено културно наследство. Сепак, со културната дипломатија на македонаката влада беше издејствувано да добиеме уште една година период во кој би требало да ги исполниме препораките да дадени од мониторонг мисијата на УНЕСКО која Охрид го посети минатата година.

Според Устијаноски. ставот на УНЕСКО за статусот на Охрид е гола вода за она што треба да биде.

– Земја да се отворит и да не голтнит е слаба казна за нас. Зарем, на планот не видовте дека овде имат тротоар  од 1970 каков што некои делови на Охрид не го имет ни сонвено? Кај не носите – кон 2050 година или кон 1902 годима? Знајме ли кај тераме – прашува тој.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ