Никна фудбалски терен во поранешната касарна во Охрид

117
DCIM100MEDIADJI_0055.JPG

Во рамките на комплексот на поранешната касарна во Охрид, започна да функционира фудбалскиот терен на трева.

– Изминатиов период, екипи на ЈП „Билјанини Ивори“ активно работеа на оспособување на теренот со садење нова трева, инсталација на наводнување, поставување реквизити. Во наредниот период, теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини – вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Овој терен е ставен во функција за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, фудбалскиот клуб „Света Троица“, но и за сите рекреативци.

ИЗДВОЕНИ