четврток, јануари 29, 2026
Дома МАГАЗИН Ники Минаж се самопрогласи за најголема обожавателка на американскиот претседател Доналд Трамп

Ники Минаж се самопрогласи за најголема обожавателка на американскиот претседател Доналд Трамп

80
Фото:википедија/2025
Раперката Ники Минаж, родена во Тринидад и Тобаго, во средата се самопрогласи за „најголемата обожавателка на американскиот претседател Доналд Трамп и ја покажа својата златна виза која ѝ обезбедува престој во САД и пат кон американско државјанство, пренесе „Хина“.

Претседателот ја повика ѕвездата на бината во Вашинготн откако ја поддржа програмата „Trump Accounts# за вложување во идината на децата.

Некогашната критичарка на строгите имиграциски политки на Трамп, Минаж, која кажа дека дошла во САД со родителите како девојче, во последните години го фали неговото водстсво.

„Ќе кажам дека сум веројатно најголемиот обожавател на претседателот и тоа нема да се промени“, рече Минаж држејки го Трамп за рака на бината.

„А омразата или она што луѓето имаат да го кажата воопшто не ме погодува. Всушност, ме мотивира уште повеќе да го поддржувам“, додаде таа.

На мрежата „Икс“ таа ја покажа својата нова виза со ликот на Трамп.

„„Само што завршувам со документацијата за државјанство додека зборуваме, благодарение на МОЈОТ прекрасен, љубезен и шармантен претседател“, напиша таа во објавата, забележувајќи дека ја добила златната карта „бесплатно“.

ИЗДВОЕНИ