четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нијагарините водопади вечерва во боите на македонското знаме во чест на жртвите...

Нијагарините водопади вечерва во боите на македонското знаме во чест на жртвите од пожарот во Кочани

1005

Нијагарините водопади и кулата Си-Ен во Торонто, ќе бидат осветлени во црвено-жолто како македонското знаме, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, при што загинаа 59 лица.

Оваа церемонија ја организираа македонските активисти во Канада, предводени од Јордан Битове и Македонската дијаспора во Канада.

Нијагарините водопади ќе светнат вечерва во 21:00 часот по локално време (околу 02:00 часот по македонско време).

ИЗДВОЕНИ